ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Во Ѓорче се играше баскет!

Во Ѓорче се играше баскет!

сподели
mkf.mk

Здружението „3x3Macedonia“ продолжува со интензивните актвности за промоција на овој спорт во нашата земја, испланирани и презентирани во програмата доставена до МКФ.

Првпат во текот на календарската 2018 година беше организиран турнир за млади кошаркари до 15 години кој се одржа во Основното училиште „Тихомир Милошевски“ во скопската општина Ѓорче Петров.

mkf.mk

Вкупно 16 екипи го пријавија своето учество и тоа Dream Team Berovski, Warriors, MA 123, Вучидолци, Golden State-Volkovo, Бецко, Хебли, Хиени, Генерација 2003, Street Boys, Prestige, Орли, Соколи, Елита, Jarani и Полуматуранти XI-6.

Аплицирајте веднаш за

На крајот на турнирот кој што е уште еден во низата организирани и што ќе бидат организирани од страна на новото 3х3 здружение, победи составот на Генерација 2003, во финалето што го одигра против екипата на МА 123.

Да не заборавиме и да потсетиме дека од оваа скопска населба потекнуваат Александар Костоски и Тони Симиќ, од поновите генерации, како и многу други кошаркари кои што претставуваат и претставувале некој и нешто во нашата кошарка.