ПОЧЕТНА Други лиги Во скопската населба Ѓорче Петров, никнува кошаркарски клуб

Во скопската населба Ѓорче Петров, никнува кошаркарски клуб

сподели

Ентузијастите од местото каде што се родени многу наши кошаркарски ѕвезди, а никогаш немало изворен кошаркарски колектив кој што се натпреварувал во највисоките рангови (1, 2 и 3 лига), решија да им овозможат на локалните млади да се натпреваруваат со најдобрите во нашава земја.

Во минатото имало екипи кои што помогнати од силни спонзори, читај Липа шпед, играа и во првата лига на Македонија, но овој концепт е комплетно, како што сакаат да го наречат основачите – ѓорчевски.

Раководството, тренерите, спонзорите и играчите – сите се од оваа скопска населба. Во почетокот, концептот и структурата на играта, во улога на тренер ќе ги постави нашата играчка легенда, Владо Владичевски.

Аплицирајте веднаш за

„Ќе сторам се што можам, да помогнам да се формира една респектабилна екипа.“ – изјави Владичевски, на официјалната промоција на новиот кошаркарски клуб во Македонија.

Екипата ТНТ ќе ги почне натпреварите од најнискиот ранг, третата лига и ќе се обиде, според кажаното на промоцијата, да се избори за место во македонската елита.

“Сакаме не само да учествуваме, туку со тек на времето да бидеме и еден од водечките клубови во нашата земја.“ – рече Вања Наумовски, помошникот тренер.

Општествената одговорност е единствениот мотив на основачот на клубот ТНТ. Според него, главна цел е децата да се тргнат од улицата.

Роберт Наумовски (во средина) со Владо Владичевски и Александар Наумоски

„Сакаме да им дадеме шанса на младите да се натпреваруваат во систем, во лига, наместо да се соочуваат со секојдневните пороци.“ – рече Роберт Наумовски.

Екипата ТНТ ќе биде несебично помогната и од раководството на општината Ѓорче Петров, во рамките на финансиските можности.

„Не само финансиски, туку и на секој друг начин ќе се обидеме оваа приказна која што почнува, да стане убава бајка.“ – рече Александар Наумоски, градоначалникот на Ѓорче Петров.

Од населбата Ѓорче Петров во Скопје потекнуваат Владо Владичевски, Восилав Зивчевиќ, Тони Симиќ, Александар Костоски и многу други поранешни и сегашни имиња од македонската кошарка.

Познавајќи на идеологијата според која што се живее во оваа скопска населба, ако успее спојот на клучните елементи – знаење, искуство, спонзори и желба за натпреварување – за крато време клубот ТНТ може да прерасне во приказна слична на онаа на Блокотехна или Гостивар, или Соколи и Балкан Стил од минатото.