ПОЧЕТНА НБА Во програмата со тепачки и пцости, победуваа подобрите

Во програмата со тепачки и пцости, победуваа подобрите

сподели

Хјустон славеше против Шарлот со 118:106 и продолжува кон врвот во Западната конференција, на третата позиција, со три победи помалку од Голден Стејт и една помалку од Денвер.

Џејмс Харден постигна 28 поени кај победникот, Кемба Вокер имаше 40 за поразената екипа. Но, Рокетс не се сигурни во овој дел на сезоната, затоа што имаат само една победа повеќе од Оклахома Сити.

Тандер, пак, предводени од Шредер во ноќта кога Вестбрук збесна вон теренот, славеа на гости кај Јута со 89:98. Германскиот интернационалец постигна 24 поени со 7 скока, во 41-от триумф сезонава.

Клиперс победија против Бостон со 140:115, а со 34-те поени што ги постигна од клупата, Лу Вилијамс стана најдобриот стрелец во историјата на НБА лигата, меѓу играчите што не се стартери.

Кливленд победи против Торонто со 126:101, но мечот го одбележа непотребната и непромислена тепачка меѓу Ибака и Крис, кои што беа исклучени веднаш по инцидентот што се случи на истекот на третата четвртина.

Вашингтон победи против Сакраменто со 121:115, најдобар стрелец кај победникот беше Бредли Бил со 27 поени, а Бруклин против Детроит со 103:75, каде што најдобар поединец беше Спенсер Динвиди со 19 поени.