ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Во Парк не се победува лесно, Работнички ги скроти и Американците

Во Парк не се победува лесно, Работнички ги скроти и Американците

сподели
jbaleague.com

Јуниорите на САД, кои што играат во соодветната лига преку Океанот, загубија на гостувањето во нашиот главен град, од актуелниот шампион (и најтрофејна екипа) на Македонија.

Првакот ги победи младите американски кошаркари со 127:122, во натпревар во кој што немаше одбрана и во кој што црвено-белите играа главно со младите сили.

Откако првата постава, без Мираковски и Чековски направи разлика 41:17, јасно беше дека оние кои што треба допрва да се покажуваат, ќе добијат прилика.

Откако гостите се вратија во игра и изедначија на 118:118, Караџовски со тројка ја најави победата извојувана во последната минута.

Лианџело Бол играше на овој меч, а Ламело не настапи поради повреда.