ПОЧЕТНА Некатегоризирана Во Милано почнува „ерата на Месина“

Во Милано почнува „ерата на Месина“

сподели
ClutchPoints

Првпат во својата кариера еден од најуспешните италијански стручњаци ќе работи во најтрофејниот клуб од својата татковина.

Олимпија Милано, 28-кратниот шампион на Италија, ја прекина соработката со Симоне Пјаниџани и со тоа отвори простор за досегашниот помошник во Сан Антонио Спарс, Еторе Месина. Пјаниџани беше тренер на овој тим претходните две години и освои два Суперкупа и една титула во домашното првенство.

Месина потпишa договор на три сезони со можност за продолжување на уште две, а ќе ги води и кошаркарските операции во клубот како еден од ретките во европската кошарка кој ги врзал овие две функции.

Поранешниот италијански селектор си заминува од Сан Антонио Спарс по пет години поминати како асистент на Грег Попович. Во својата кариера беше и тренер на ЦСКА, Виртус Болоња, Реал и Бенетон, освои четири титули во Евролигата, четири во италијанското и пет во руското првенство, два пати беше прогласен за тренер на годината во Евролигата и има уште еден куп индивидуални и клупски признанија.