ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ВО ЖИВО: Избори во МКФ

ВО ЖИВО: Избори во МКФ

сподели

12:05 Се бира верификациска комисија која што ќе се грижи за регуларноста на Собранието. Прифатена.

12:09 Се бира Кандидациска комисија. Прифатена.

12:11 Се бира работно претседателство. Прифатено.

12:15 Верификациска комисија се повлече за да преброи број на присутни делегати

12:26 Уште се верификуваат полномоштвата на присутните делегати

12:31 Од 29 членови, валидни се 26 полномоштва, едно е невалидно, спорни се 2: на организација на судии и здружението 3х3. Присутни се повеќе од половина членови што значи дека Собранието може полноправно да одлучува.

12:34 Усвојување на дневен ред

12:35 Барање за промена на точките во дневниот ред (прво да се констатира крај на мандат на актуелниот и избор на нов претседател). Предлогот е одбиен

12:40 Усвоен предложениот дневен ред

12:41 Претседателот на Здружение на активни играчи Миле Трифуновски упати прашање до актуелниот претседател во врска со мерките за заштина на македонските кошаркари, на сметка на странските.

Одговорот на претседателот е дека ќе се произнесе дополнително

12:47 Сменето е името на Македонската кошаркарска федерација во Кошаркарска федерација на Северна Македонија (КФСМ)

12:50 Констатиран е престанок на функцијата на актуелниот претседател Петар Наумоски

12:52 Кандидациската комисија се повлече за да ги разгледа поднесените кандидатури за нов претседател

12:54 Констатирана е само една кандидатура – на Перо Антиќ кој едногласно е избран за нов претседател на КФСМ

13:00 На барање на новиот претседател, изборот на новите органи и тела на Федерацијата е одложено за 15 дена.