ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Во Гостивар потенцијален хаос, се чека и Перо

Во Гостивар потенцијален хаос, се чека и Перо

сподели

Дерби пресметката на 15-то коло во македонскиот кошаркарски шампионат, ќе се одигра од 17:30 часот во салата „Младост“, во градот што има најбројна кошаркарска публика во нашата земја.

фото: архива, Гостивар – МЗТ Скопје Аеродром (2017/18)

Токму противникот што доаѓа во оваа рунда, вицепрвакот и освојувачот на Купот и последното засилување за домаќинот, Бојан Трајковски се двете причини за насловот.

фото: архива, Бојан Трајковски минатата сезона го носеше дресот на МЗТ Скопје, против Гостивар.

Ако салата во која што прв пат беше децентрализиран македонскиот кошаркарски престол (2000-та), веќе втора сезона во низа е полна со далеку послаби екипи од МЗТ Скопје, може само да замислиме што ќе се случува сега.

фото: архива, Гостивар – Фени

Минатата сезона, некаде во овој ист период од годината, МЗТ Скопје падна во спектакуларниот меч. Тоа е единствениот триумф за овој нов Гостивар, во 5 дуели со штрковите. Резултатот беше 67:64, на 3-ти март 2018-та, но оваа сезона е друга приказна.

Металците ќе бараат ревитализација за поразот во АБА 2 лигата, најтешкиот сезонава. Гостивар ќе бара враќање на 5/6-та позиција каде што во моментов се Куманово и Кожув со по 7/7, но овие две екипи имаат по два меча повеќе.

фото: Богдановиќ и Антиќ, на крајот на мечот Работнички – Куманово (09.02.2019)

Најавено е и гостување на претседателот на клубот, Перо Антиќ, кој што е во Македонија и беше присутен на мечот меѓу Работнички и Куманово, што пак од друга страна ги подгреа шпекулациите дека тој ќе потпише за Работнички, за натпреварите во Суперлигата.

mkf.mk

Последниот меч од 15-та рунда во домашното првенство заслужено е оставен последен, ја спушта завесата на колото и ќе биде највозбудливата пресметка, можеби и сезонава, се заканува да му го украде овој епитет и на вечното дерби одиграно во Аеродром.