ПОЧЕТНА Светски првенства Во Белград полесно се дише

Во Белград полесно се дише

сподели
фото: ФИБА

Српската кошаркарска репрезентација ги врати шансите за пласман на Светското првенство во 2019 година по убедливиот триумф против Грција на домашен терен.

Тимот на Александар Ѓорѓевиќ славеше со 84:61 во своето најдобро издание во овие квалификации, нанесувајќи му го првиот пораз на големиот ривал. Србите играа со неколку евролигашки кошаркари и токму тие на крајот ја донесоа победата.

fiba.basketball

Стефан Јовиќ беше најефикасен на натпреварот со 22 поена, а членот на Анадолу Ефес, Василије Мициќ додаде 13 со 6 асистенции и 5 скока. Грците немаа многу расположени играчи, единствени со двоцифрен ефект беа Бохоридис и Салустрос со по 12.

Wikipedia
Аплицирајте веднаш за

Со оваа победа Србија ја задржа победата предност пред Грузија, а веќе во следното коло може да го завери пласманот на Мундобаскетот бидејќи и гостува на Естонија, а Грузијците одат кај лидерот Грција.

fiba.basketball

Исклучително важна победа оствари Русија која пред своите навивачи ја победи Чешка со 81:61. Хвостов беше прв стрелец во домашната селекција со 17 поени, а Кулагин беше на чекор од дабл-дабл со 15 поени и 9 скока.

Русите можеа уште на овој натпревар да го прослават пласманот на Светското првенство, но БиХ испушти 21 поен предност против Финска и ги остави скандинавците во борба за третото место.