ПОЧЕТНА А Репрезентација ВОЈНОВИЌ: Под итно да се избркаат сите таленти од Македонија!

ВОЈНОВИЌ: Под итно да се избркаат сите таленти од Македонија!

сподели

Поранешниот кошаркар и репрезентативец на нашата земја, е видно изреволторан од потегот на Македонската кошаркарска феерација – да се суспендира Ненад Димитријевиќ на 6 месеци неиграње за Хувентуд Бадалона.

Казната е изречена од Дисциплинската комисија на МКФ, а се однесува на отсуството на Нено летоска, во У20 селекцијата која што играше на ЕП во Софија, во Б дивизијата.

“Се функционира како што треба, па сега ќе покажуваме мускули на дете кое што треба да биде носител на нашата игра во блиска иднина. Правилата треба да се почитуваат, но да важат подеднакво за сите.

Толку ли е битно да казниме играч за младинска селекција, кој што може да го загубиме за во иднина за А селекцијата, а кој што не го создаде македонската кошарка, туку ни доаѓа гратис од една од најсилните лиги на светот?” – вели Војновиќ.

Од МКФ не информираа дека одлуката е конечна и она што останува е ФИБА да ја инфирмира шпанската федерација, по што суспензијата ќе стапи на сила.

“Секогаш може да се најде решение. Ова мора да се стопира. За доброто на македонската кошарка, на кое што толку често се повикуваме, а работиме со тројни аршини.

Во спротивно, може да ја затвориме канцеларијата на нашата кошарка, затоа што ова не е вистинскиот правец по кој што треба да се движиме.” – изјави Војновиќ.

Аплицирајте веднаш за

Ненад Димитријевиќ е суспендиран по пријава на селекторот на У20 селекцијата, Василев, со напомена дека се пријавил како повреден, а индивидуално тренирал со полна пареа.

“Да, со Нено немаше да бидеме 35-ти, туку 32-ри на тоа ЕП. Не потценувам никого, особено не нашите играчи, но фактичката состојба ни е таа и зошто сега едно дете да го плаќа цехот?

Ако тој и другите таленти се најголемиот проблем тогаш да ги казниме и избркаме и се ќе биде во ред.

Се уште добро паметам дека некои членови на нашето раководство сега, во наше време одбиваа да играат и условуваа со промена на раководства на Федерацијата тогаш.– заврши Војновиќ.