ПОЧЕТНА Куп на РМ Дамјан МВП, Мираковски најдобар стрелец

Дамјан МВП, Мираковски најдобар стрелец

сподели
фото: mkf.mk

Вторпат во својата кариера Дамјан Стојановски е прогласен за најкорисен играч во финале од Купот на Македонија.

Првиот пат во 2013 година заедно со Александар Костоски, вториот по триумфот против Работнички за деветти трофеј на МЗТ Скопје во ова натпреварување.

Натпреварот го заврши со дабл-дабл: 15 поени (4/6 за три, 1/1 за два, 1/2 од линијата за слободни фрлања) и десет скока на кои додаде уште две асистенции за индекс 21. Толку имаа и Бојан Трајковски и Чавдар Костов, но капитенот на МЗТ Скопје го доби признанието.

фото: mkf.mk
Аплицирајте веднаш за

Мираковски беше убедливо најдобар поединец во тимот на Работнички. Постигна 24 поени со пет тројки од 12 обиди.