ПОЧЕТНА Избор на уредникот Војдан контра Работнички? Репрезентативецот против најтрофејниот?

Војдан контра Работнички? Репрезентативецот против најтрофејниот?

сподели

Најтрофејната екипа од Македонија, Работнички по 13 години пауза се враќа во европските купови.

Tимот од Градски парк беше единствен што испрати пријава за ова натпреварување, во кое што 31 клуб преку квалификации ќе се борат за пласман во регуларниот дел од сезоната. ФИБА Европа денеска ја прифати апликацијата.

Работнички е носител во првото квалификациско коло, исто како и Стал Слам чиј тренер е македонскиот стручњак Емил Рајковиќ. Во шеширот со нашата екипа се Белфиус Монс-Хаино (Белгија), Рилски Спортист (Бугарија), Пардубице (Чешка), Тарту (Естонија), Егис Корменд (Унгарија), Слам Стал Остров (Полска), Орадеа (Романија), Бујуксехир (Турција), Трабзонспор (Турција), Днипро (Украина).

Аплицирајте веднаш за

Можни противници на 14 кратниот шампион на Македонија се Бујукчекмече (Турција) каде што игра нашиот репрезентативец Војдан Стојановски, потоа Балкан Ботевград (Бугарија), Сохуми (Грузија), Ст. Оливер Вирцбург (Германија), Солнок Олај (Унгарија), КР (Исланд), Бнеи Херзлија (Израел), Невезис (Литванија), Сибиу (Русија), Парма (Русија), КФУМ Борас Баскет (Шведска).

Првата средба од првата квалификациска рунда се игра на 20-ти септември, Работнички ќе биде гостин, а реваншите се закажани 8 дена подоцна. Втората рунда се игра на 4-ти, осносно на 11-ти октомври.

Победниците од првото коло ќе се пласираат во второто, каде што носители се: Проксимус Спиро Баскет (Белгија), Берое (Бугарија), Петролина АЕК Ларнака (Кипар), Ле Портел (Франција), Фалко Сомбатели (Унгарија), ФЦ До Порто (Португалија), Стеауа Букурешт (Романија), Содерталје (Шведска) и Химик (Украина).

Победниците од овие 10 двојки ќе обезбедат пласман во регуларниот дел од ФИБА Европа Купот. На нив ќе им се приклучат и 22 екипи кои нема да обезбедат пласман во регуларниот дел од Лигата на шампиони.

Ждребот за паровите од квалификациските рунди ќе биде одржан во Минхен, но датумот дополнително ќе биде одреден.