ПОЧЕТНА НБА Вориорс и без Дјурант ги совладаа Рокетс

Вориорс и без Дјурант ги совладаа Рокетс

сподели

На сцената истапи новото засилување за двојниот шампион, ДеМаркус Казинс кој што долго се опоравуваше од повреда, но на крајот на сезоната покажува зошто се веруваше во него.

Центарот на Голден Стејт реализира 27 поени, во победата кај Хјустон со 104:106. Не беше најдобар стрелец, но беше пресудниот фактор во играта во рекетите, додаде 8 скока и 7 асистенции.

Мајк Дентони се обиде со разни начини на одбрана на Казинс, со „помали“ и со „поголеми“ дефанзивци, но ништо не функционираше. Од надворешните позиции, Томпсон реализира 30 поени.

ESPN

Џејмс Харден имаше 29, во првиот пораз по 9 врзани победи на четвртопласираната екипа на Западот, која што резултатски не е сигурна во доигрувањето, но со оглед на формата повторно ќе биде меѓу високопласираните тимови.