ПОЧЕТНА НБА Вориорс ги загубија и Кари и мечот со Бакс

Вориорс ги загубија и Кари и мечот со Бакс

сподели

Првата ѕвезда на актуелниот двократен шампион, го напушти теренот на средината на третиот период и не се врати во игра. Се чека снимката од магнетната резонанса, велат извори од франшизата, за ЕСПН.

Голден Стејт потклекна пред Милвоки и го доживеа првиот пораз на домашен терен сезонава (111:134). Серијата од 8 меча без загубена средба беше прекината, Ерик Бледсо имаше 26 поени, а Јанис Адетокумбо постигна 24 поени со 9 скока и 4 асистенции кај победникот.

Кај поразените, најдобар стрелец беше Клеј Томпсон со 24 поени, а Кевин Дјурант реализира 17 поени со 9 асистенции и 7 скока. Вориорс играа (и) без повредениот Дрејмонд Грин.

Аплицирајте веднаш за

Оклахома победи без Расел Вестбрук (повреден скочен зглоб) на втора средба по ред, сега против Хјустон со 98:80. Пол Џорџ имаше 20 поени во седмиот редоследен триумф на неговата екипа.

Кајри Ирвинг со 18 поени во последниот период заедно со продолжението и вкупно 39 на мечот, беше најдобриот поединец на Бостон во победата против Феникс со 109:116, со пресврт по 22 негатива.

Дејмијан Лилард имаше 25 поени, МекКолум додаде 23 во третата победа во низа за Портланд, сега против Клиперс со 116:105 што е шеста победа на последните 7 меча за Блејзерс.