ПОЧЕТНА Други лиги ВЛАДИЧЕВСКИ: Ќе направиме се што можеме, да добиеме успешен клуб!

ВЛАДИЧЕВСКИ: Ќе направиме се што можеме, да добиеме успешен клуб!

сподели

Нашиот истакнат кошаркар, некогашен снајперист кој што не знаеше да промаши две слободни фрлања на еден цел натпревар, а не по ред, или да промаши два шута од чиста позиција на еден меч, ќе биде идејниот творец на филозофијата на новата екипа ТНТ од Скопје, од населбата Ѓорче Петров.

Според Владо Владичевски, има многу материјал за обработка, потенцијалот е тука, единствено што треба е да се постави здрава основа за функционирање.

„Јас сум роден во Ѓорче Петров. Мило ми е што по толку време, на наша територија се раѓа и еден изворен кошаркарски колектив.

Имаме многу кошаркари кои што потекнуваат од нашата населба, но сме немале ваков клуб.“

Роберт Наумовски (во средина) со Владо Владичевски и Александар Наумоски
Аплицирајте веднаш за

Сите почетоци се тешки и оној што ќе ги преживее, подоцна ќе може да раскажува.

„Јас лично ќе направам се, во договор со основачот Роберт Наумовски, да помогнам со моето искуство да го кренеме овој клуб на здрави нозе.

Потоа, со помош и од градоначалникот Александар Наумоски, да обезбедиме средства да направиме нешто многу подобро од она што сме го виделе до сега.“ – рече Владо Владичевски.