ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Владата би му дала 150.000 евра на МЗТ

Владата би му дала 150.000 евра на МЗТ

сподели
фото: МЗТ Скопје / Петр Стојановски

На состанокот на кој што претставниците на власта го образложија новиот ваучер систем што ќе биде воведен, беше земен како пример вицепрвакот на Македонија.

Во година како последната шампионска сезона, екипата од Аеродром, според параметрите би добила околу 1/4 од (неофицијално) буџетот што го имаа штрковите.

Бројката што кружеше во јавноста е околу 600.000 евра за сезоните кога тогашниот македонски шампион играше во АБА лигата.

Аплицирајте веднаш за

Со помал број на странци во ростерот, МЗТ Скопје од тој период, според симулацијата, би добил и повеќе пари.

Во овој хипотетички предлог се земени сите показатели, односно организацијата на екипата, меѓународните натпреварувања, домашните успеси, бројот на странци и слично.

Ова значи дека спортските колективи кои што ќе сакаат сериозно да бидат поткрепени од државата, треба сериозно да си ја сфатат задачата, по примерот на МЗТ Скопје Аеродром.

фото: Мартин Стојанов

Од вкупната сума 6 милиони евра, се претпоставува дека околу 2 милиона евра ќе одат на сметка на федерациите, 3 милиони на сметка на клубовите и 1 милион за индивидуалците, во сите спортови.

Листата на корисници на средствата, ќе биде објавена по 10-ти јануари, а доделувањето ќе биде на 31-ви јануари.