ПОЧЕТНА А Репрезентација Витингтон ја напушти Андора и се пресели во Мадрид

Витингтон ја напушти Андора и се пресели во Мадрид

сподели

Македонскиот репрезентативец останува во шпанското првенство, но во натамошниот дел од сезоната ќе ги смени клупските бои.

Морабанк Андора соопшти дека е прекината соработката со центарот за само неколку минути подоцна Естудијантес да го објави договорот со него.

Шејн Витингтон ќе остане во мадридскиот клуб до крајот на сезоната со можност потоа да биде продолжен договорот на уште една година. Играјќи за Андора, тој во актуелното првенство просечно постигнуваше по 9,7 поени и 3,8 скока, а во Еврокупот имаше ефект од 6,6 поени и 1,3 скока.

На Естудијантес не му оди најдобро оваа сезона во АЦБ лигата, по 13 кола се наоѓа на претпоследното место на табелата со само четири победи.

фото: Мартин Стојанов, Гевгелија

Американецот, кој своевремено беше член и на Индијана Пејсерс, дебитираше за македонската репрезентација оваа година, во дуелот со Швајцарија на крајот од првиот дел од претквалификациите за Европското првенство во 2021 година.

Подоцна одигра уште еден натпревар, против Косово во Гевгелија.