ПОЧЕТНА Интернационалци Витингтон го растури Реал, Трајковски и Димитријевиќ победија, Војдан поразен

Витингтон го растури Реал, Трајковски и Димитријевиќ победија, Војдан поразен

сподели

Екипите на македонските интернационалци имаа релативно успешен викенд во своите шампионати.

Најголемата победа ја оствари Андора предводена од натурализираниот репрезентативец Шејн Витингтон, совладувајќи го актуелниот европски шампион Реал во Мадрид со 105:107. За само 12 минути на теренот, крилниот центар постигна 16 поени и четири скока, а Андора му го нанесе првиот пораз на „кралскиот клуб“ во седмото коло од првенството.

Аплицирајте веднаш за

Триумфот на оваа екипа е прв по серијата од четири порази во домашниот шампионат на кој се надоврза и неуспехот во дуелот со Монако во Еврокупот на УЛЕБ.

Атомерому на Бојан Трајковски славеше драматичен триумф против Капошвари со 83:81 и се качи на шестата позиција на табелата. Нашиот репрезентативец беше на чекор од дабл-дабл, за 23 минути постигна 10 поени и 9 скока.

Олденбург ја прекина серијата од четири победи и го претрпе првиот пораз во новата сезона. На гостувањето кај Гисен загуби со 97:88 и привремено го загуби чекорот со Баерн и Алба кои уште се со максимален ефект.

За 24 минути на теренот, Војдан Стојановски постигна 11 поени, четири украдени топки, два скока и две асистенции и беше четврти стрелец во својот тим.

Хувентуд ја оствари третата победа во последните четири кола со триумфот на гости кај Естудијантес ос 69:83. Ненад Димитријевиќ играше 14 минути и постигна четири поени.

Пораз доживеа Ле Ман чиј член е Ричард Хендрикс. На домашен терен, шестопласираниот тим во француското првенство загуби од Стразбур со 71:75. Американецот со македонски пасош за 17 минути постигна 7 и 5 скока.

Во истиот шампионат, Монако предводен од Сашо Филиповски и Бобан Митев остварија уверлив триумф против поранешниот европски шампион Лимож со 87:68. Францускиот вицепрвак е речиси безгрешен на домашен терен оваа сезона, но и покрај тоа е во долниот дел од табелата со биланс од 4 победи и 4 порази.