ПОЧЕТНА Интернационалци Витингтон го преживеа лудиот Љуљ и славеше против европскиот шампион

Витингтон го преживеа лудиот Љуљ и славеше против европскиот шампион

сподели
Шејн Витингтон (фото: Естудијантес)

До 15-та рунда отпишаната и претпоследна екипа на табелата во АЦБ лигата, што губеше од кого стигне, победи против актуелниот првак и рекордер со 34 титули, во драматичен натпревар што може да го прогласиме за дуел на колото во Шпанија.

Американецот Шејн Витингтон го имаше клучниот дефанзивен скок, на 19.8 секунди до крајот при позитива од три за Естудијантес, кога центарот на гостите Ајон го промаши второто слободно фрлање, а нашиот репрезентативец потоа погоди едно.

Аплицирајте веднаш за

Серхио Љуљ, кој што погоди три тројки за 16 секунди во последната минута, при водство на домашните од 11 поени, го промаши следниот шут за три, а Швеѓанецот Лудвиг Хакансон кој што претходно промаши две слободни, сега реализра едно и ја запечати победата.

Витингтон имаше 16 поени со 6 скока, покрај него кај победникот најдобри поединци беа препородениот Алесандро Џентиле со 25 поени, Дарио Брицуела со 16 поени, односно Клавел и Артеага со по 10 поени. Омар Кук имаше 9 асистенции.

ACB.com

На спротивната страна, за составот на Реал Мадрид кој што по убедливата победа во вечното дерби со Барселона забележа два пораза во последните 4 кола од аутсајдери (Бреоган), Љуљ имаше 18 поени, Фернандез имаше 16, Ајон имаше 13 поени со 7 скока.

ACB.com

На табелата, Кралскиот клуб (11/4) е на третата позиција со 22 поена, колку што на втората позиција има Басконија (11/4), која што пак беше совладана од Кралевите во 14-то коло. Лидер е Барселона (13/2), со 26 бода по 15 одиграни рунди, а Естудијантес е на 16-та позиција (5/10) од 18 екипи.