ПОЧЕТНА ЕВРОБАСКЕТ 2017 Вистински крал: Во репрезентативна пензија со титула европски првак и МВП признание

Вистински крал: Во репрезентативна пензија со титула европски првак и МВП признание

сподели

Иако најави дека останува во репрезентацијата ако селекторот Кокошков го продолжи договорот, капитенот на словенечкиот национален кошаркарски тим Горан Драгиќ, сепак, одлучи да се пензионира.

И тоа со стил. Од репрезентацијата се простува како европски шампион и со признанието за најкорисен играч на континенталниот шампионат. Иако Словенија отпатува на Европското првенство со фантастичен колектив, најголем дел од заслугите одат на сметка на Драгиќ кој финалето го заврши со неверојатни 35 поени.

„Цел живот го сонувавме ова, барем да освоиме медал. Еве, успеавме. Ова ми беше последна шанса бидејќи по ова првенство се повлекувам и затоа толку уживав“, изјави Драгиќ.

Аплицирајте веднаш за

Не е многу стар, има 31 година, но до следното големо натпреварување остануваат две лета – доволно време да се промени одлуката и да се настапи на уште едно Светско првенство.