ПОЧЕТНА Интернационалци Викенд исполнет со настапи на нашите интернационалци

Викенд исполнет со настапи на нашите интернационалци

сподели

Александар Костоски постигна 8 поени, со 5 асистенции и 2 скока во победата на Питешти против Галати, со 103:73. Нашиот репрезентативец игра во одлична форма, а неговата екипа се наоѓа на 5-та позиција во романското првенство, со 9 победи и 5 порази.

Хувентуд на Ненад Димитријевиќ загуби кај Билбао со 99:74, нашиот плејмејкер постигна 12 поени со 4 асистенции и 3 скока за 22 минути игра. Хувентуд има 3 победи и 13 порази на претпоследната 17-та позиција во шпанската АЦБ лига, а Билбао ја забележа 6-та победа и се наоѓа на 14-та позиција.

Скопјанецот Октај Махмути, е на чело на Галатасарај во новата година.

Ефес Пилсен победи во турското и истанбулско дерби, против Галатасарај на Октај Махмути со 76:68. Нашиот репрезентативец Ричард Хендрикс, не играше за гостите. Ефес има 10 победи и 5 порази на 6-та позииција, додека Галата има 5 победи и 10 порази на 10-та позиција.

Маркиз Грин се радуваше во дуелот на американските кошаркари кои што имаат македонски пасоши, во италијанското првенство. Венеција победи на гостувањето во Милано, со 80:84. Грин не играше, а Џордан Теодор за 26 минути на паркетот постигна 10 поени, со по 3 асистенции и скокови. Двете екипи се изедначија, Милано на третата и Венеција на четвртата позиција, со по 11 победи и 4 порази.