ПОЧЕТНА Евролига (ВИДЕО) Џабе барате, никаде нема да најдете навивачи како на Жалгирис

(ВИДЕО) Џабе барате, никаде нема да најдете навивачи како на Жалгирис

сподели

Литванската кошаркарска гордост претрпе еден од најтешките порази во Евролигата последните сезони, особено кога станува збор за натпреварите на домашен терен.

Ланскиот учесник на завршниот турнир во Белград пред своите навивачи загуби од Анадолу Ефес со 58:79 што е трет пораз во низа за оваа екипа.

Аплицирајте веднаш за

Но, вистинските навивачи се познаваат кога на тимот му е најтешко, а така му беше на Жалгирис на овој натпревар.

Во последната минута, кога беше јасно каков ќе биде конечниот исход, околу 15 илјади домашни фанови станаа и со песна го дочекаа крајот на натпреварот. Кошарката во Литванија е повеќе од игра, а љубителите на овој спорт многу добро знаат што треба да прават во вакви моменти.