ПОЧЕТНА ЕВРОПА (ВИДЕО) Ќе му биде пеколно во патиките на Дончиќ

(ВИДЕО) Ќе му биде пеколно во патиките на Дончиќ

сподели
Мелвин Пантзар (фото: marca.com)

Реал Мадрид остана со кратка надворешна линија, по заминувањето на словенечкиот репрезентативец во НБА лигата. Кралскиот клуб, всушност, остана без мозокот, душата и телото на екипата, што би требало да се почувствува слично како и кај фудбалскиот тим кој што остана без Роналдо и беше совладан во Суперкупот на УЕФА.

Мелвин Пантзар е шведски талент (190), има 18 години, игра на позицијата плејмејкер. Актуелниот европски шампион има двајца плејмејкери во составот (Љуљ и Кампацо), односно двајца што повремено може да помогнат во улогата организатор на играта (Козер и Препелиќ), но тренерот Ласо учи од минатата сезона.

„Лесно“ беше со него во екипата, но сега тој е во Далас – Ласо и Дончиќ во финалето на Евролига минатата сезона.
Аплицирајте веднаш за

Соочен со лавина повреди во текот на годината кога сепак успеа да ја освои елитната шампионска титула, Пабло Ласо им даде шанса на четворица играчи од втората, во првата екипа (Дино Радончиќ – 1999, Сантијаго Јуста – 1997, Марио Накиќ – 2001 и Пантзар – 2000).

На мечот против Фуенлабрада минатата сезона (14.04.2018), во триумфот на сега веќе 10-кратниот европски првак, Пантзар ги одигра последните 40-тина секунди од дуелот и беше 10-тиот младинец на мадридскиот клуб, кој што стартувал под палката на шпанскиот стратег – по Диез, Мартин, В. Ернангомез, Бареиро, Јуста, Радончиќ, Ндиаје, Де Ла Руа и Лука Дончиќ.

Дел од младинците што ги промовира Пабло Ласо (фото: marca.com).

Токму последниот остави зад себе параметри кои што се достигнуваат тешко, речиси невозможно. Со сета почит кон сите кошаркари досега, но никој и никогаш не играл и не победувал како што тоа го правеше Дончиќ, толку зрело на таа возраст (18) на која што тој си „поигруваше“ со сите противници.

На 4 натпревари на кои што се појави минатата сезона, Мелвин Пантзар одигра 35 минути, во кои што постигна 4 поени со 3 скока, една асистенција и две украдени топки. Неблагодарно е да се споредува, но Лука го правеше сето ова за 1 минута на еден меч и тоа во клучните моменти на најтешките натпревари.