ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА (ВИДЕО) Јанески, сепак, не е перфектен

(ВИДЕО) Јанески, сепак, не е перфектен

сподели

Гостиварецот во редовите на Работнички го одбележа првото градско дерби во новата сезона постигнувајќи 30 поени во салата „Јане Сандански“.

Импозантно делуваше статистиката во која пишува дека крилниот играч има перфектни 6/6 за три поени, нешто што тешко им успева и на кошаркари кои важат за подобри шутери од него.

Аплицирајте веднаш за

Но, деталниот преглед на снимката од дербито покажа дека Јанески, сепак, не бил без грешка во шутот од далечина.

Во официјалната статистика го нема неговиот обид за тројка во третата минута од втората четвртина, при резултат 27:28. Убаво се гледа дека играчот на Работнички е добро оддалечен од линијата 6,75, а и судијата до него (Томи Панов) ја крева раката сигнализирајќи дека станува збор за шут за три поени.