ПОЧЕТНА НБА (ВИДЕО) Шампионот нема милост, Оклахома во страшен ритам

(ВИДЕО) Шампионот нема милост, Оклахома во страшен ритам

сподели

Три четвртини екипата на Минесота го диктираше темпото во дуелот со Голден Стејт Вориорс и тоа на теренот на бранителот на титулата.

По 36 минути игра резултатот беше 87:83 за гостите. И потоа следуваше бурата која ги однесе „волците“. Последниот период почна со 10:2 за шампионот, потоа уште една серија од 11:0 и на крајот Минесота загуби со високи 17 поени разлика (116:99).

Аплицирајте веднаш за

Ударното трио на Голден Стејт го доби натпреварот бидејќи заедно постигна 83 поени: Дурант 33, Кари 28, Томпсон 22. Кај Минесота, најефикасен беше Вигинс со 22 поена.

За Вориорс ова беше шеста победа по ред, а со биланс 9-1 се најдобри во лигата во досегашниот дел од сезоната.

Поранешниот финалист во НБА лигата, Оклахома Сити Тандер ја почна сезоната со четири порази, но сега има четири победи во низа. На гостувањето кај Вашингтон славеше со 111:134, но Визардс можат да бидат задоволни бидејќи на полувреме резултатот беше 50:79.

Бредли Бил беше најефикасен со 27 поени, но поголема вредност имаа 23. поени со 12 асистенции на Вестбрук и 22 поена на Грант.

РЕЗУЛТАТИ
Орландо - ЛА Клиперс 95:120
Бруклин - Хјустон 111:119
Чикаго - Индијана 105:107
Вашингтон - Оклахома 111:134
Далас - Њујорк 106:118
Јута - Мемфис 100:110
Феникс - Торонто 98:107
Г.Стејт - Минесота 116:99.