ПОЧЕТНА НБА (ВИДЕО) Шампионот гази, Денвер држи чекор

(ВИДЕО) Шампионот гази, Денвер држи чекор

сподели

Осма победа по ред за Голден Стејт Вориорс кој по 11 натпревари во новата сезона има биланс 10-1.

Во триумфот против Мемфис со 117:101, Клеј Томпсон постигна 27, Дурант 22, а Кари 19 поени и 7 асистенции. Во гостинската екипа, Дилан Брукес беше најефикасен со 18 поени.

Аплицирајте веднаш за

На домашен терен Вориорс имаа 6-0, а билансот 10-1 е втор најдобар старт во историјата на франшизата по оние 24-0 пред три години.

Денвер Нагетс го одржува чекорот со бранителот на титулата и со натпревар помалку е на 9-1 во моментов откако го победи Бостон со 115:107.

Никола Јокиќ остана во втор план, но и покрај тоа беше блиску до трипл-дабл: 8 поени, 10 скока, 8 асистенции. На реализациски план, неговото место го пополни Џамал Мареј кој дојде до рекорд на кариерата од 48 поени. Сакаше и 50, но го изнервира Кајри Ирвинг кој тоа го сметаше за непочитуваше и во налет на нервоза топката ја фрли во публика.

Токму Ирвинг беше прв стрелец во екипата на Бостон со 31 поен и шут од поле 13/17.