ПОЧЕТНА НБА (ВИДЕО) Харден руши се пред себе

(ВИДЕО) Харден руши се пред себе

сподели

Кога Џејмс Харден е расположен за игра, не може да го запре буквално никој. Тоа го докажа и со својата нова маестрална партија, предводејќи го својот тим Хјустон до 10-тата победа во низа над лидерот на Западот, Денвер со 125:113.

Кандидатот број 1 за најкорисен играч на сезоната постигна 32 поени, 14 асистенции и 5 скока, а голема помош имаше од својот соиграч Капела кој забележа 31 поен и 9 скока. Кај гостите најрасположен беше Јокиќ со 24 поени и 13 скока.

Аплицирајте веднаш за

И покрај поразот, Нагетс ја задржаа лидерската позиција во Западната конференција со скор од 26 победи и 12 порази, додека пак Рокитс се изедначија со ЛА Клиперс со 23 победи и 16 порази на делба на 4-тата позиција на Западот.

извор: ESPN

За одбележување е победата на Сан Антонио над Детроит на гости со резултат 107:119. Најзаслужни за победата на Спарс беа Дерозан со 26 поени и Олдриџ со 25 поени. Победата дополнително доби на значење бидејќи беше 1221-ва во кариерата за Грег Поповиќ со што тренерот на тимот од Тексас се израмни со легендарниот Џери Слоун.