ПОЧЕТНА НБА (ВИДЕО) Филаделфија си играше со Лејкерс

(ВИДЕО) Филаделфија си играше со Лејкерс

сподели

Вториот најтрофеен тим во НБА лигата ќе има големи проблеми да се пласира во плеј-офот ако продолжи да игра вака.

И по враќањето на Леброн Џејмс, Лејкерс не можат да фатат ритам и претрпеа тежок пораз од Филаделфија со 143:120. По овој дебакл екипата од Лос Анџелес е на десеттото место во Западната конференција на околу два месеца пред крајот на основниот дел од сезоната.

Победничката екипа ја предводеше Џоел Ембид со 37 поени, 14 скока и три асистенции. Подобар од него беше Кајл Кузман кој постигна 39 поени, но недостасуваше напаѓачкиот ефект на Леброн иако беше на чекор од трипл-дабл (18 поени, 10 скока, девет асистенции).

Голден Стејт со големи проблеми дојде до победата против Мајами на домашен терен. Шампионот славеше со 120:118, но удел во завршницата имаа и судиите.

Откако Мајами не го искористи својот напад, во клучната акција арбитрите пропуштија да свират грешка во дриблингот на Дурант по што Казнс беше фаулиран и од линијата за слободни фрлања го постави конечниот резултат.