ПОЧЕТНА НБА (ВИДЕО) Тежок пораз на Денвер, шампионот се врати на првото место

(ВИДЕО) Тежок пораз на Денвер, шампионот се врати на првото место

сподели

Во период кога се наоѓаа во серија од шест победи, Нагетс се декласирани од Индијана која е се поблиску до предност на домашен терен во првата рунда од плеј-офот.

Пејсерс славеа со 124:88 прекинувајќи ја низата од четири порази. Најдобар играч на натпреварот беше Бојан Богдановиќ кој постигна 35 со шут од поле 13/16, а ги погоди првите десет обиди.

Кај Денвер повторно најефикасен беше Никола Јокиќ со 19 поени, но Нагетс со овој пораз се вратија на второто место на табелата бидејќи Голден Стејт славеше против Детроит на домашен терен со 121:114.

За шампионот ова беше победа број 50 оваа сезона. Стеф Кари се врати во игра по одморот што го доби на дуелот со Далас и постигна 26 поени од кои пет тројки.

ESPN

Блејк Грифин го предводеше Детроит со 24 поени, а Пистонс го забележаа третиот пораз во последните четири натпревари. И покрај тоа имаат две победи повеќе од Орландо Меџик и се на седмата позиција во Источната конференција.