ПОЧЕТНА Интернационалци (ВИДЕО) Столе ја носи Хуеска на чекор од врвот

(ВИДЕО) Столе ја носи Хуеска на чекор од врвот

сподели

Македонскиот репрезентативец Стојан Ѓуроски одигра уште извонреден натпревар во Втората лига на Шпанија.

Хуеска славеше кај поранешниот прволигаш Билбао со 69:76, а нашето крило беше втор стрелец во својот тим. Баскиската екипа досега беше на чело на табелата и без пораз во првите три кола.

Аплицирајте веднаш за

За речиси 26 минути на теренот постигна 12 поени, два скока и две аситенции, поефикасен од него беше само Хоус, а Хартвич заврши со идентичен поентерски ефект како Ѓуроски.

По четири кола, Хуеска има биланс од три победи и еден пораз и во моментов е на делба на втората позиција.