ПОЧЕТНА НБА (ВИДЕО) Српскиот центар со плејмејкерски талент

(ВИДЕО) Српскиот центар со плејмејкерски талент

сподели

Дуел помеѓу српските интернационалци Богдан Богдановиќ и Немања Бјелица од една и Никола Јокиќ од друга страна, му припадна на српскиот центар кој повторно беше еден од предводниците на својот тим до нова победа на гостувањето против Сакраменто со 113:117.

Јокиќ оствари дабл дабл со 26 поени и 13 скока. Интересен податок е тоа што иако игра на центарската позиција, речиси никогаш поени не ги постигнува со атрактивни забивања.

Тоа не го правеше ни додека беше помлад во дресот на Мега Визура, многу ретко го прави и сега во дресот на Нагетс.

Меѓутоа, дека знае и тоа како добро да го “искриви” кошот на противникот, доказ беше натпреварот против Кингс, кога ја прифати топката речиси во својот рекет, покажувајќи ги своите плејмејкерски способности го претрча целиот терен и жестоко ја “заби” топката во противничкиот обрач. Ова беше негово само четврто забивање сезонава.