ПОЧЕТНА НБА (ВИДЕО) Само двајца се пред чудовиштето Вестбрук

(ВИДЕО) Само двајца се пред чудовиштето Вестбрук

сподели
cleveland.com

Играчот на Оклахома Сити Тандер се изедначи со легендарниот Џејсон Кид, по бројот на остварени тројни двоцифрени учиноци на еден натпревар, во победата против Кливленд со 100:83.

На мечот со Кавалирс, ѕвездата што и остана верна на франшизата, за разлика од Кевин Дјурант кој што го растури дуото со заминувањето во Голден Стејт, а претходно Џејмс Харден замина за Хјустон, имаше 23 поени со 19 скока и 15 асистенции.

Аплицирајте веднаш за

Тоа беше вториот последователен и вкупно трет трипл-дабл за Раел Вестбрук, во текот на сезоната. За да го достигне остварувањето на Кид (107 на 1.247 натпревари) му требаа само 760 меча.

На првата позиција е вечниот Оскар Робертсон со 181 трипл-дабл учиноци, пред Меџик Џонсон кој што регистрира 138 вакви мечеви во неговата кариера.