ПОЧЕТНА НБА (ВИДЕО) Рондо јаничарот

(ВИДЕО) Рондо јаничарот

сподели

Се врати во родното кошаркарско место, да им пресуди на своите, плејмејкерот што никогаш немаше шут, но одеднаш стана егзекутор.

Ражон Рондо го постигна последниот кош на мечот меѓу Бостон и Лејкерс, во ТД Гарден, таму каде што почна да игра кошарка.

Аплицирајте веднаш за

Од овие поени, најмногу се наситени навивачите на Лејкерс, кои што се напатени низ годините во сите порази од Селтикс. Овие поени, се и своевиден препород за плејмејкерот.

Се сеќаваме на последното финале меѓу овие две екипи, 2010-та година, кога Ражон Рондо играше во Бостон, а Коби Брајант во Лејкерс – стратегијата на тимот од ЛА беше да се насочи и да се остави Рондо да шутира, што особено во последниот седми натпревар се покажа како клучно за освојување на титулата.