ПОЧЕТНА НБА (ВИДЕО) Репторс се главни на Истокот

(ВИДЕО) Репторс се главни на Истокот

сподели

Во големото дерби на Источната конференција, меѓу двете моментно најдобри екипи, Торонто славеше на домашен терен против Филаделфија со 113:102.

Ленард беше предводник на домаќините со 36 поени, а кај гостите најефикасен беше Батлер со 38 поени играјќи го својот најдобар натпревар во дресот на 76-ерс.

Аплицирајте веднаш за

Кошаркарите на Денвер ја остварија седмата победа во низа на тешкото гостување на Флорида, кај Орландо со 118:124, во натпревар што беше решен по дополнителните минути.

Со овој триумф, Нагетс се искачија на првата позиција на Западот. Денвер, до победата, го предводеа Мареј со 31 поен и Милсап со 18 поени. Кај домаќините, расположени за игра беа Фурние со 26 и Вучевиќ со 24 поени.

Оклахома славеше на гости кај Бруклин со 112:114, во највозбудливиот натпревар на вечерта, на кој Вестбрук испиша историја.

извор: ESPN

Бекот на Тандер со своите 21 поен, 15 скока и 17 асистенции стигна до својот 108-ми трипл-дабл во кариерата и со тоа изби на третото место на вечната листа, пред Џејсон Кид со 107. Пред Расел Вестбрук се само Меџик Џонсон со 138 и Оскар Робертсон со 181 трипл-дабл остварувања во кариерите.

Најдобар стрелец и човек на одлука беше Пол Џорџ со своите 47 поени и 15 скока. Тој постигна 25 поени во решавачката последна четвртина, а со тројка на 3 секунди до крајот му ја донесе победата на својот тим. Кај Бруклин, се истакна Крејб со 22 поени.