ПОЧЕТНА НБА (ВИДЕО) Поплава од тројки во Сакраменто, Нуркиќ го надигра Харден

(ВИДЕО) Поплава од тројки во Сакраменто, Нуркиќ го надигра Харден

сподели
goldenstateofmind.com

Голден Стејт извлече полн плен на гостувањето кај Сакраменто, со 123:127, во мечот со рекордни 41-на тројка на двете страни, од кои гостите имаа 21/47 (44.7%), а домашните 20/36 (55.6%).

Стеф Кари имаше 42 поена, Дјурант имаше 29 поени, Томпсон 20 поени за победникот, за 3:0 во серијата со Сакраменто сезонава, но сите три меча беа решени со вкупни 10 поени разлика.

Портланд на крилјата на Јусуф Нуркиќ кој што имаше 25 поени со 15 скока, славеше против Хјустон на Џејмс Харден кој што постигна 38 поени и му беше прекината низата од (5) мечеви со +40 поени, со 110:101 за крај на низата од 6 победи за Рокетс.

Кави Ленард го предводеше тимот на Торонто до победа кај Милвоки со 116:123, постигнувајќи 30 поени и по 6 скокови и асистенции, додека Адетокумбо имаше 43 поени со 18 скока и 4 асистенции кај поразените. Денвер победи против Шарлот со 123:110, Јокиќ имаше 39 поени со 12 скока и 6 асистенции за победникот.

Детроит загуби од Јута со 105:110, Мичел го предводеше победникот со 26 поени, а на спротивната страна Грифин имаше 34 со 10 скока во поразот. Филаделфија го совлада Далас со 106:100, Бен Симонс имаше 20 поени со 14 скока кај победникот, Дончиќ по подолго време имаше слаба поентерска партија со 14 поени (4/16 од поле).

Кливленд убедливо беше поразен од Њу Орлеанс со 98:133, Кларксон имаше 23 поени за домаќинот, а Рендл 22 со 12 скока за гостите. Сан Антонио победи со 108:88 против Мемфис, Олдриџ реализира 18 поени со 7 асистенции, а Мајк Конли имаше 21 поен за гостите.