ПОЧЕТНА НБА (ВИДЕО) Нов трипл-дабл на Јокиќ, 301 поен во Сан Антонио

(ВИДЕО) Нов трипл-дабл на Јокиќ, 301 поен во Сан Антонио

сподели

Најдобриот тим во Западната конференција стигна до 28-мата победа оваа сезона по триумфот против Лос Анџелес Клиперс со 121:100.

За тимот од Колорадо не играше Гери Херис, но и покрај тоа Денвер Нагетс оствари убедлива победа. Повторно најдобар играч беше Никола Јокиќ кој стигна до нов трипл-дабл, сега со 18 поени, 14 скока и 10 асистенции.

Куриозитет е тоа што трипл-дабл имаше по само 14 минути поминати на теренот со што собори 63-годишен рекорд и Јокиќ стана играчот кој најбрзо стигнал до двоцифрени бројки во три статистички категории.

Аплицирајте веднаш за

Џамал Мареј додаде 23 поени, Лу Вилијамс 19, а во тимот на Лос Анџелес Клиперс, по 18 поени имаа Тобајас Херис и Данило Галинари.

Мечот на сезоната се одигра во Сан Антонио каде домашниот тим и Оклахома постигнаа 301 поен (154:147), но играа 58 минути затоа што победникот беше решен по две продолженија.

извор: ESPN

Во центарот на вниманието беше Ламаркус Олдриџ со постигна 56 поени што е рекорд на неговата кариера. На овој поентерски ефект додаде девет скока и по четири асистенции и блокади.

Кај Тандер, Расел Вестбрук оствари моќен трипл-дабл со 24 поени, 24 асистенции и 13 скока, но и остатокот од стартната петорка беше на ниво. Пол Џорџ постигна 30 поени, Џереми Грент 25, Стивен Адамс 19, а Терен Фергусон 21.