ПОЧЕТНА Во позадина (ВИДЕО) Никола Јокиќ во американска серија

(ВИДЕО) Никола Јокиќ во американска серија

сподели

Популарниот српски центар се најде во една анимирана серија на американскиот „Bleacher report“.

Тоа е пародија на НБА и серијата „Игра на престоли“, а најважните настани од од лигата се следат низ измислено средновековно кралство. Во најновата епизода од шестата сезона главни актери се Кевин Дурант и Патрик Беверли при што плејмејкерот на Клиперс го убедува кошаркарот на Голден Стејт да се пресели во Лос Анџелес.

На крајот се појавува ликот на Никола Јокиќ кој е претставен како Џокер. Овој „витез на куќата Нагетс“ на духовит начин констатира дека „ова шоу е глупаво и никој не треба да се претплати на него“.