ПОЧЕТНА АБА (ВИДЕО) Не доаѓа секој ден НБА шампион во Задар…

(ВИДЕО) Не доаѓа секој ден НБА шампион во Задар…

сподели
фото: KK Zadar

Најкошаркарскиот град во Хрватска му приреди незаборавен пречек на поранешниот играч на Бостон Селтикс, Орландо Меџик и Лос Анџелес Клиперс.

Глен Дејвис допатува во Задар и се приклучи на тренинзите на својот нов тим, но она што го доживеа при пристигнувањето веројатно ќе го памети цел живот.

На аеродромот дојдоа голем број членови на навивачката група Торнадо, запалија факели и приредија фантастична атмосфера. На крајот, како што доликува на прекрасни домаќини, го однесоа Дејвис на вечера во Мекдоналдс.

Аплицирајте веднаш за

Американскиот крилен центар доаѓа во Хрватска откако три години воопшто не играл кошарка на професионално ниво. Сепак, големото искуство и НБА титулата од 2008 година се гаранција дека Задар има голео засилување во своите редови.