ПОЧЕТНА НБА (ВИДЕО) НБА призна: Судиите го оштетија Торонто

(ВИДЕО) НБА призна: Судиите го оштетија Торонто

сподели
Larry W. Smith / EFE

Можеби Репторс веќе ќе ја славеа првата титула во историјата на франшизата ако не беше спорната одлука на арбитрите во последната минута од петтиот натпревар.

Анализата на НБА откри дека Торонто е оштетен при резултат 103:106 за Голден Стејт Вориорс затоа што не е досудена лична грешка од ДеМаркус Казнс врз Марк Гасол. Место две слободни фрлања топката отиде кај гостинските кошаркари кои до крајот не постигнаа поени, но добија во време и потоа намалија на 2:3 во финалето.

Шампионот е домаќин на шестиот натпревар од серијата и ако успее да победи пред своите навивачи, ќе оди во Канада на „мајсторка“.