ПОЧЕТНА НБА (ВИДЕО) На Дончиќ не му треба многу време за да покаже каков...

(ВИДЕО) На Дончиќ не му треба многу време за да покаже каков играч е

сподели

Нов сјајен натпревар на Лука Дончиќ кој уште еднаш демонстрираше моќ и тоа пред очите на најголемиот на сите времиња, Мајкл Џордан.

Словенецот повторно беше предводник на својот тим Далас во гостинската победа над Шарлот со 84:122, што е најубедлива гостинска победа за Маверикс во досегашната историја. Посебно импресивно е тоа што Дончиќ своите 18 поени, 10 скока и 4 асистенции ги забележа за само 3 четвртини, поточно 25 минути на паркетот.

Поради огромната предност во пресрет на последната четвртина, Словенецот доби заслужен одмор од својот тренер. Со оваа гостинска победа Маверикс ја прекинаа црната серија од 9 порази во низа на гостувањата сезонава и стигнаа до скор од 18 победи и 19 порази на делба на 10-тата позиција на Западот, заедно со тимот на Мемфис Гризлис.

извор: ESPN

Интересен и многу ефикасен натпревар одиграа Феникс и Филаделфија, дуел кој го добија гостите со 127:132. Ембид ги предводеше 76ерс до победата со 42 поени и 18 скока, солиден настап имаше и Симонс со 29 постигнати поени. Кај Санс се истакна Букер со 37 поени.