ПОЧЕТНА Некатегоризирана (ВИДЕО) На Грифин не му се допаѓа дресот на Детроит

(ВИДЕО) На Грифин не му се допаѓа дресот на Детроит

сподели

По девет години поминати во Лос Анџелес Клиперс, Блејк Грифин дебитираше за тимот на Детроит Пистонс.

Одигра одлично против Мемфис, неговиот тим победи со 104:102, а самиот постигна 24 поени, десет скока, пет асистенции и две блокади.

Но, моментот што го одбележа натпреварот се случи на стартот од второто полувреме. Излегувајќи од соблекувалната, тој заборавил да го облече дресот на Детроит, па поради тоа не можеше веднаш да влезе во игра, туку остана да чека да му го донесат.

На шега некои искоментираа дека не му се допаѓа дресот на Пистонс и дека сака повторно да заигра за Клиперс. За поубаво да се чувствува се погрижија навивачите кои носеа маички на кои пишуваше “Грифин, добредојде во Детроит”.