ПОЧЕТНА НБА (ВИДЕО Навистина фрлаа паричка во семејството Кари

(ВИДЕО Навистина фрлаа паричка во семејството Кари

сподели
USA Today

Родителите на Сет и Стеф го одржаа ветувањето за тоа на каков начин ќе одлулат кој за кого ќе навива во семејната пресметка од финалето на Западната конференција.

Браќата играат за Портланд и Голден Стејт, па мајката и таткото, Соња и Дел Кари со фрлање паричка решија како ќе се однесуваат.

Среќата сакаше Соња Кари да биде во дресот на Портланд и зажали бидејќи оваа екипа доживеа убедлив пораз во првиот меч од серијата, а и Сет не се прослави многу постигнувајќи само три поени.

Уште не се знае дали ова фрлање паричка важи за целата серија или само за овој натпревар кој се играше во Окленд.