ПОЧЕТНА НБА (ВИДЕО) Магичен пресврт на Оклахома, рекорди на Вестбрук и Харден

(ВИДЕО) Магичен пресврт на Оклахома, рекорди на Вестбрук и Харден

сподели

Неверојатен натпревар одиграа екипите на Хјустон Рокитс и Оклахома Сити Тандер во Тексас.

Дуелот го одбележаа две различни полувремиња, во првото доминираа домаќините, а во второто гостите. На крајот победи Оклахома со 112:117, но ова сигурно ќе биде еден од најубавите натпревари сезонава.

Кога Хјустон водеше со 26 поени разлика во втората четвртина, а на пауза имаше 70:48, се чинеше дека се е готово и дека ќе запише уште една вредна победа. По 15-минутната пауза улогите се сменија. Само во третиот период Оклахома постигна 42 поена, а во последниот го комплетираше фантастичниот пресврт.

Аплицирајте веднаш за

Џејмс Харден одигра одлично, постигна 42 поена, но тие не му беа доволни на Хјустон. За ѕвездата на Рокитс ова беше 29-ти натпревар по ред со 30+ поени што го однесе на второто место во оваа статистичка категорија, зад Вилт Чембрлен во 1962 година.

Расел Вестбрук израмни друг рекорд на Чембрлен: тоа беше негов деветти трипл-дабл по ред откако постигна 21 поен, 12 скока и 11 асистенции. Никако не смее да се заборави ефектот на Пол Џорџ кој постигн 45 поени од кои 15 во последната четвртина.

За Оклахома ова беше трета победа по ред со која се забетонира на третата позиција во Западната конференција.