ПОЧЕТНА НБА (ВИДЕО) Лилард тивко ги притисна судиите, вели дека имало контакт

(ВИДЕО) Лилард тивко ги притисна судиите, вели дека имало контакт

сподели
фото: Portland Blazers

Екипата на Голден Стејт поведе со 2:0 во финалето во западната конференција, а првата ѕвезда на Портланд имаше замерки на арбитрите, што секако мораше да ги соопшти меко:

„Мислам дека имаше контакт. Имаше неколку контакти, од Андре Игудала врз мене. Но, сепак тука судиите одлучуваат и тие оеценија дека тоа беше добра дефанзивна поставеност на противникот.“ – рече Лилард.

На видеото (4:40) јасно се гледа дека кошаркарот на Вориорс притиска со рацете и прави контакт со противникот, по што му ја зема топката од рацете. Последниот збор, секако, го имаат судиите.