ПОЧЕТНА НБА (ВИДЕО) Лејкерс без Леброн се очајни, Бостон го „олади“ Дончиќ

(ВИДЕО) Лејкерс без Леброн се очајни, Бостон го „олади“ Дончиќ

сподели

Паузата поради повреда на Леброн Џејмс значајно влијае врз настапите на неговиот тим Лејкерс.

Без својот предводник во моментов, составот од Лос Анџелес изгледа како потпросечна екипа која реди порази дури и од најслабите екипи во лигата. Најновиот го доживеа на домашен терен од Њујорк со 112:119, што за нив е 4-ти пораз на последните 5 натпревари откако се без помошта на својот најдобар играч.

Аплицирајте веднаш за

Хардавеј ги предводеше гостите до победата со 22 поена, а солиден настап имаше и Кантер со 16 поени и 15 скока. Кај домашниот тим се истакна Инграм со 21 поен.

Со најновиот пораз Лејкерси паднаа на 8-та позиција на Западната конференција. Според најавите, Леброн Џејмс ќе паузира уште една седмица, по што повторно ќе се врати на терените.

Бостон го победи Далас со убедливи 114:93. Селтикс на овој натпревар настапија без својот најдобар кошаркар и прва ѕвезда Кајри Ирвинг, но и покрај неговото отсуство лесно стигнаа до триумфот.

извор: ESPN

Браун со 21 поен беше најдобар поединец кај домаќините, а се истакна и Татум со 18 поени. Кај Маверикс најдобриот дебитант сезонава, Словенецот Дончиќ натпреварот го заврши со 19 постигнати поени, еден помалку од најефикасниот гостински играч Барнс кој постигна 20 поени.

Со најновата победа Бостон се задржа на 5-тата позиција на Истокот, додека Далас со поразот падна на 11-тото место на Западот.