ПОЧЕТНА Некатегоризирана (ВИДЕО) Лесно е кога игра Ленард: Торонто пред историски пласман во финалето!

(ВИДЕО) Лесно е кога игра Ленард: Торонто пред историски пласман во финалето!

сподели

Торонто Репторс е на пат да стане првата канадска екипа што ќе се бори за титулата во НБА лигата.

Во моментов тоа е единствената франшиза од оваа соседна држава на САД, но Гризлис пред да се преселат во Мемфис, беа домаќини во Ванкувер.

Во петтиот меч од финалето на Истокот, Репторс победија како гости кај Милвоки со 99:105 и сега водат со 3:2, пред шестиот натпревар што се игра во Канада. Епилогот е изненадувачки не само поради тоа што Бакс, како најдобра екипа од Источната конференција по регуларниот дел од сезоната беше и огромен фаворит за пласман во финалето, туку и поради развојот на настаните на овој петти дуел.

Домаќините водеа со 14 поени разлика во првата четвртина (18:4) и со 12 во третата (63:51) пред да почне пресвртот на гостинската екипа. До крајот на периодот Торонто стигна на 75:72, а во почетните минути од последната четвртина, по серијата од 10:0 поведе со 81:89.

Милвоки се врати во игра, израмни на 93:93, но Торонто имаше пеколен финиш во кој дојде до најзначајната победа оваа сезона.

Ја оствари на крилјата на Кавај Ленард кој постигна 35 поени од кои 15 во последната ќетвртина кога се одлучуваше победникот. На нив додаде уште 7 скока и 9 асистенции и тотално го неутрализира ефектот на Јанис Адетокумбо кој постигна 24 поени и по 6 скока и асистенции.

Шестиот натпревар од серијата се игра на 25-ти мај во Торонто, Милвоки нема друг избор освен да брка победа и да се избори за шести меч на домашен терен.