ПОЧЕТНА НБА (ВИДЕО) Кралот почестен со две „банани“ од Лука бананамен

(ВИДЕО) Кралот почестен со две „банани“ од Лука бананамен

сподели

Кошаркарите на ЛА Лејкерс забележаа победа над Далас со 114-103, но резултатот на натпреварот ќе остане во втор план, а многу повеќе ќе се зборува за фантастичната млада ѕвезда на Далас, Лука Дончиќ кој сезонава ги освојува симпатиите на сите љубители на кошарката.

Словенецот, кој е претендент за признанието дебитант на годината, иако имаше релативно слаба реализаторска вечер погодувајќи само 2 од 13те шута, завршувајќи го натпреварот со 6 поени, 6 скока, 5 асистенции, три украдени топки и 2 блокади.

Аплицирајте веднаш за

Токму тие две блокади станаа хит на натпреварот, бидејќи се направени над Леброн Џејмс, најдобриот кошаркар во моментов.

„Се појави од никаде и два пати ме блокираше. Не го ни видов од каде дојде. Потоа изнуди фаул во напад. Тука го забележав и сакав да се судрам во него, тоа го направив намерно“, изјави Леброн, кој првиот следен напад го искористи силовито да се забие во Дончиќ, кој се постави во блок сакајќи да изнуди офанзивен фаул.

Во победничкиот тим, Џејмс беше предводник со 28 поени, 5 скока и 4 асистенции.

извор: ЕСПН

На преостанатите натпревари, Хјустон убедливо го совлада Сан Антонио на гостински терен со 105-136, постигнувајќи дури 70 поени во првото полувреме. Капела ги предводеше Рокетс до победата со 27 поени и 12 скокови, надополнет од Харден кој постигна 23 поени. Кај поразените се истакна Олдриџ со 20 поени.

Орландо лесно стигна до победа над Феникс со 99-85, прдводен од вистинскиот нивни лидер сезонава Вучевиќ кој постигна 25 поени и 15 скокови. Црногорецот од натпревар во натпревар ја потврдува својата одлична сезона. Кај поразените најефикасен беше Ејтон со 19 поени и 6 скока.