ПОЧЕТНА АБА (ВИДЕО) Кошот на Медфорд кој ја замолкна Грбавица

(ВИДЕО) Кошот на Медфорд кој ја замолкна Грбавица

сподели
фото: КК Спарс

Ако минатата сезона завршните моменти од тешките натпревари беа кобни за МЗТ Скопје, во оваа аеродромци триумфираа на речиси сите кои беа неизвесни до крајот.

По дербито со Работнички во Градски парк, сега тимот на Ѓорѓи Коќчов на уште подраматичен начин славеше на гостувањето кај Спарс.

Кошот за победа го постигна Лестер Медфорд во последната секунда и со него го комплетираше пресвртот во второто полувреме откако првото заврши со +15 за домаќинот.

Ладнокрвноста со која американскиот плејмејкер погоди во последниот напад е само доказ за тоа каков играч има МЗТ Скопје оваа сезона.