ПОЧЕТНА НБА (ВИДЕО) Кога кралот ќе ги земе работите во свои раце…

(ВИДЕО) Кога кралот ќе ги земе работите во свои раце…

сподели

Возот на Лос Анџелес Лејкерс за пласман во плеј-офот полека заминува, но Леброн Џејмс е последниот на светот кој ќе се помири со тоа.

Вториот најтрофеен тим во НБА лигата ја прекина серијата од пет порази и славеше на гостувањето кај Чикаго Булс со 103:123. Кралот запиша дабл-дабл со 36 поени и 10 скока, Колдвел Поуп додаде 24 поени.

На 15 натпревари пред крајот на основниот дел од сезоната Лејкерс имаат 6 победи помалку од осмопласираната Јута Џез и речиси невозможна мисија да дојдат до разигрувањето за титулата.

ESPN

Денвер го зголеми притисокот врз лидерот на Западната конференција Голден Стејт по триумфот против Минесота со 133:107. Мареј со 30 поени беше најефикасен во победничкиот тим, но Никола Јокиќ заврши со 18 поени, 7 асистенции и 8 скока. Ентони Таунс со 33 поени не беше доволен за победа на Минесота.