ПОЧЕТНА АБА (ВИДЕО) Кога дојде, кога почна „крвта да им ја пие“ на играчите

(ВИДЕО) Кога дојде, кога почна „крвта да им ја пие“ на играчите

сподели

Драган Николиќ и додека го водеше Карпош Соколи важеше за исклучително ексцентричен тренер кој не се мисли многу кога треба да опцуе или да подвикне по некој од своите кошаркари или по судиите.

Таквиот темперамент го задржа и 18 месеци по заминувањето од Македонија каде освои еден пехар во Купот и со својот тим играше во финалето од првенството.

Аплицирајте веднаш за

Камерите го фатија како жестоко вика и им се заканува на играчите на Игокеа за време на натпреварот против Будуќност во АБА лигата.

Можеби нема ништо чудно тука ако се знае дека Николиќ е тренер на босанскиот шампион едвај две недели.

Ова не е прв случај тренер на Игокеа да урла по своите кошаркари. На Супер купот од АБА лигата во 2017 година, тогашниот предводник Драган Бајиќ на еден тајм-аут, за малку не удри играч од неговата екипа