ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА (ВИДЕО) Клонот на Перо Антиќ доаѓа во Гостивар

(ВИДЕО) Клонот на Перо Антиќ доаѓа во Гостивар

сподели
ozonpress.net

Најновото засилување на нашиот прволигаш во многу нешта физички наликува на нашиот најдобар кошаркар и до крајот на сезоната, ќе ја засили екипата во која што ѕвездата на Црвена звезда е акционер.

Во следните три месеци, боите на КК Гоствар ќе ги брани Немања Мишковиќ, кој што доаѓа од Борац Чачак. Српскиот интернационалец беше повреден, но во тест периодот минатата седмица во Гостивар покажал добри перформанси и ќе биде ангажиран.

Мишковиќ е роден 1993 година, има 208 сантиметри, некогаш беше голема надеж на српската кошарка и член на младите селекции, но не успеа да изгради сениорска кариера каква што му се предвидуваше.

Почна во Раднички, потоа играше за Партизан и Мега Визура, пред да се пресели во Грузија и повторно да се врати во Србија.